Утрово во Србија падна воен авион. Според првичните информации, се срушил во близина на Лозница.

Веста ја пренесоа српските медиуми без притоа да прецизираат повеќе детали за евентуални жртви или повредени. Нема информации за состојбата на членовите на екипажот и пилотите.

По падот на авионот, српските медиуми објавуваат први изјави од локалните жители и нивни сведоштва за тоа што се случувало. Според првичните и се уште неофицијални информации, еден пилот го загубил животот, додека по вториот се трага.

-Видов чад, се исплашив. Авионот како да викаше додека паѓаше. Изгледаше како да бараат чистина каде да слетаат ги избегнуваа куќите. Звукот беше ужасен, изјавил повозрасна жителка на Брасин.

-Мислам дека падна околу 9:20 утринава, видов од тераса дека паѓаше како во шума. Ова е страшно, уште не можам да си дојдам на себе. Слушнав дека бараат пилот, изјавил друга жителка.