Репрезентацијата на Канада ќе се натпреварува на Светското првенство во Катар на крајот од оваа година.

Канаѓаните предводени од селекторот Џон Хердман се пласираа на Мундијалот 2022, откако ноќеска во Торонто ја совлада Јамајка со 4:0 во натпреварот од 13. коло во квалификациите во зоната КОНКАКАФ.

Така, Канада води во групата со 28 бодови во 13 натпревари и обезбеди пласман на СП 2022 на едно до пред крајот на квалификацискиот циклус, бидејќи повеќе нема да падне под третото место.

Канаѓаните ќе играат на Светско првенство по втор пат во историјата и првпат од 1986 година.