Холандскиот возач на Ред Бул, Макс Верстапен, ја освои својата 21. Формула 1 победа победувајќи синоќа на трката за Големата награда на Саудиска Арабија.

Актуелниот светски шампион го престигна Мика Хакинен по бројот на победи во Ф-1 и се израмни со Кими Раиконен, кој го зазеде 15. место на вечната листа.

Веќе оваа сезона, Макс ќе може да се пробие меѓу осумте најдобри, кои сега ги затвора Џим Кларк со 27 победи.

Рекордот во Формула 1 му припаѓа на Луис Хамилтон со 103 победи, Михаел Шумахер се искачи на највисокото скалило на подиумот  91 пат, додека Себастијан Фетел 53 пати.