Во денешната емисија на Канал 5, Александар Николоски од ВМРО-ДПМНЕ беше прашан дека телевизијата има информации дека кон крајот на октомври и почеток на ноември ќе следи објава на вонредни парламентарни избори по кои ќе следи широка Влада која ќе има ЕУ агенда, барањата а тука би било и прашањето за уставните измени и дали и тој има такви информации?
Не, прв пат го слушам ова во јавност, рече Николоски. Наш став е дека предвремени избори треба да има зашто Македонија и економски и национално тоне, а корупцијата цвета.
Втората работа е дека сум убеден дека на предвремени избори ВМРО ќе освои 61 пратеник и нема да може никој да не уценува и партијата ќе може да фомрира влада која што ќе може да одговори на клучноте предизвици. Ова што во моментов го гледаме е исклучително лоша ситуација пред се во енергетскиот сектор, каде сметките за граѓаните се повисоки и за 100 отсто а за компаниите и до 300 отсто. Така што ние сме за предвремени избори, но владата ќе ја составува ВМРО и нема да биде некакава широка коалиција, изјави Николоски.