Вицепремиерот Артан Груби на својот профил на Фејсбук се пофали дека и американскиот бизнисмен Александар Сорос, синот на Џорџ Сорос, играл фудбал во неговиот кабинет.

Груби објави фотографија од средбата со Сорос, која ја опиша како „пријателски разговор“ околу актуелната политичка ситуација, европската перспектива на земјата и целиот регион.

Минатата недела, најкоментирана тема низ македонските медиуми беа фотографиите од министрите од редовите на ДУИ кои беа фотографирани како играа фудбал во кабинетот на Груби.