На предвремените парламентарни избори, што ќе се одржат на 7 јуни на Косово со своја кандидатска листа ќе учествува и „Единствена горанска партија“.
На кандидатската листа на оваа партија се наоѓаат 21 кандидат од разни делови на областа Гора.
-На листата се вредни луѓе, кои се залагаат за подобрување на положбата на Горанците во Косово, за зачувување и активно претставување на нашите културни вредности, обичаи и традиции, како и за формирање општина Гора во согласност со Уставот и законите на Косово, изјави за МИА, претседателот на партијата и носител на кандидатската листа Адем Хоџа, дипломиран инженер.
Додава дека Единствената планинска партија со гордост ја претставуваат својата листа под број 114 се истакнати и докажани членови, подготвени да се борат за единство, зашто само со „единство градиме иднина во која соживотот нема алтернатива”.
Хоџа, е од селото Рестилица, а за пратеник беше избран и во последните три изборни циклуси.
Со негово залагање во областа Гора, населена со Македонци, реализирани се повеќе проекти, насочени главно во подобрување на патната инфраструктура.
Во областа Гора во Косово распослани се 18 села, населени со Македонци со муслиманска вероисповед, познати како Горанци, кои говорат македонски јазик, но во голем процент ги има и во Драгаш, Призрен и околните населени места.




