Односите меѓу Куба и САД се влошуваат изјави кубанскиот претседател Мигел Дијаз Канел во неделно телевизиско интервју.

Тој го повика американскиот претседател Доналд Трамп на дијалог базиран на взаемно почитување.

– Не отфрламе можност за дијалог, но тој мора да се базира на почитување, не смее да се ставаат услови за одредени наши уверувања, истакна кубанскиот претседател за Телесур.

Тој додаде дека неговата влада не е оптимистична во поглед на одржување состанок ако владата на САД остане на своите скандалозни ставови.

Кубанско- американските односи се затоплија за време на мандатот на американскиот претседател Барак Обама, но под Трамп повторно настапи заладување.