Пријателе Заев, помогни ми да се сетам кој го зголемува српското влијание во Македонија? Ние ви испративме вакцина против КОВИД-19, но нема вакцина или лек за Стокхолмскиот синдром, објави денеска вицепремиерот и министер за одбрана на Бугарија, Красимир Каракачанов.

Ова е реакција на Каракачанов на вчерашната изјава на Заев за враќање на српскиот јазик во наставата во Македонија.
– Дали со отворањето на српскиот културен центар, ќе се памети окупацијата на тогашна Вардарска Македонија од страна на Кралството Србија во 1913 година? Затоа што ние, Бугарите, сме уморни од слушање глупости за т.н. „Бугарска окупација“?- го прашува Каракачанов Заев.

Во широката објава на Каракачанов натаму прашува:

– Долго време, скопската дипломатија ја обвинуваше мојата земја и мене лично за можно одложување од Бугарија за одредување датум за преговори со ЕУ и дека тоа ќе доведе до зголемување на српското влијание. Сега кој точно е виновен за зголемувањето на српското влијание? Очигледно ова влијание навистина расте, но се прашувам – кој точно го зголемува. Или, како што мислам, никогаш не изгубило тежина. Кој точно го зголемува српското влијание во Македонија со враќање на наставните програми на српски јазик и отворање на српски културен центар? Пријател Заев, помогни ми да се сетам кој го зголемува српското влијание во Македонија? Затоа што вашиот вицепремиер Никола Димитров и опиша на Европа дека тоа го прави Бугарија!- пишува Каракачанов.

Тој додава дека „скопската елита“ претпочита да ги слави џелатите:

– За жал, сегашната политичка елита во Скопје претпочита да ги слави џелатите на својот народ. Колку е чудна балканска варијанта на Стокхолмскиот синдром. Ние ви испративме вакцина против КОВИД, но нема вакцина или лек за Стокхолмскиот синдром, објави Каракачанов на својот официјален профил.

Неговата објава е опширна, а пренесуваме само делови од истата. Слична реакција на вчерашната изјава на Заев денеска објави и европратеникот од Бугарија, Андреј Ковачев.