Не ги коментираме судските одлуки. Прашањето беше дали е вмешана политиката во овој случај. Единствен момент каде што ние како политичка партија бевме вмешани во овој случај беше во барањето да се повтори судењето, поради недовербата на целата јавност во одлуката на Судот претходно. Тоа го постигнавме. Отука па натаму е работа на Обвинителството, на судството, на одбраната во судска постапка да ги докажат своите аргументи, рече Артан Груби на прес-конференција на 22 јануари.

Неговата изјава ја повторуваме во прилог на денешното тврдење на ЈО на Македонија Љумобимир Јовески дека случајот не бил повторен со залоупотреба на обвинителско-судската функција и поради исполнување на политички желби, туку поради барањето на Врховниот суд одредени факти повторно да се утврдуваат.