Властите на С. Македонија треба да се помират со фактот дека преговорите за пристапување во Европската унија не можат да започнат сè додека Скопје и Софија не ги решат своите историски спорови. Во исто време, додека тие се расправаат со нас, подобро е да се биде внимателен да не станат малцинство во сопствената земја, рече министерот за одбрана на Бугарија, Красимир Каракачанов.
– Разговарав неколку пати и со македонскиот премиер Заев и министерот за надворешни работи Димитров, чиј татко е истакнат бугарски државјанин, кого го познавам лично и кога го посетив, кога Никола Дмитров беше мал. Им реков на сите: разберете дека таквото однесување нема да помине. „Ако ви се чини дека сме подготвени да соработуваме во варијантата што ја сакате – дека ќе направиме компромис помеѓу вашите научни измислици и лаги, кои со години ги собиравте и историските факти врз кои се базираме, тоа нема да се случи, рече тој во интервју за порталот Dir.bg.