Македонија најлошо се справува со кризата од сите земји во регионот, обвини Александар Николовски во вечерашната дебата со Радмила Шекеринска на ТВ 24.
-Во Хрватска во изминативе два дена има само 4 нови случаи и воопштено нема вонредна состојба. Македонија за два дена има 47 случаи. Бројот на тестови во Македонија на милион жители е 10.683, а во Хрватска е 13.583. Дај Боже да бевме во иста ситуација со Хрватска. Ако СДСМ планира да оди на избори на 21 јуни на сметка на граѓаните со среќа нека им е. Со вакви бројки да одат на избори, се среќа нека им е. Ние нема да дозволиме да се загрози здравјето на граѓаните со такви избори. Да кажам јасно во вашата емисија, избори на 21 нема да има, да сме јасни за таа работа, вели Николовски.

Николоски додаде дека овие податоци покажуваат сериозна разлика меѓу Макеодија и Хрватска.

-Дај Боже да ние бевме во иста ситуација како Хрватска денес да имаше еден или два случаи, а да немаше 27 нови случаи. Дај боже ние денеска да немавме мртви ама ние денес имаме два нови мртви. По бројот на мртви на милион жители така се водат просеците, Македонија е најлоша во регионот. Македонија на милион жители има 51 смртен случај, Грција има 16, Хрватска има 23, а Србија има 27. Значи дупло сме во регионот, а некаде и 2.5 пати што зборува колку лошо властите во Македонија се справуваат со здравствениот аспект на кризата. А, за економскиот не сакам ни да зборувам, истакна Николоски.

Николоски посочи дека ВМРО-ДПМНЕ е за избори и утре доколку знае дека нема да има вакви бројки како што има денес, а да има слични бројки како Хрватска. А, Хрватска и со вакви бројки размислува за 5-ти или 12-ти јули, а Македонија со ваков резултат односно Заев притиска за 14 или 21 јуни.

-Ако планираат да идат на 21 јуни на избори на сметка на граѓаните со среќа да им е, нагласи Николоски.