Ноќта меѓу среда и четврток во НБА лигата ја одбележа Стеф Кари кој постигна 51 поен во триумфот на Голден Стејт над Вашингтон со резултат 144:122.

Плејмејкерот на актуелниот шампион поените ги реализира за нецели 32 минути поминати на теренот.

Ова беше шести натпревар во кариерата на Кари со постигнати 50 или повеќе поени. Одличната партија ѕвездата на Голден Стејт ја најави во првата четвртина во која реализира 23 поени, половина од 46-те на целиот тим.

Голден Стејт Вориорс од почетокот на сезоната во најсилната кошаркарска лига на светот, има четири победи и еден пораз.