Карл БИЛТ, поранешен шведски министер, еден од припадниците на Соросовата гарда во Европа, пред два часа на Твитер објави:

„Добра вест е дека ЕУ дипломатите го одблокираа почеткот на пристапните преговори со Македонија. Како и секогаш кога станува збор за регионот, прво мораше да се реши еден комплекс од историски прашања, овој пат со Бугарија“.

По ова, се разбира, под услов да е точно, прашањето е што тоа Зоран Заев прифатил од бугарските условувања и дали Бојко Борисов некаде воопшто попуштил?