Бриселски Политико денеска објави дека е постигнат компромис меѓу Бугарија и Македонија и дека тоа овозможува Македонија да ги отпочне преговорите со ЕУ. Веста ја објави и шведскиот дипломат Карл Билт, а според Политико, еве што содржи компримисот:
„МАКЕДОНСКИ КОМПРОМИС: Во средата на средбата меѓу ЕУ амбасадорите, историските прашања од Балканот одново испливаа на површина. Овој пат во форма на бугарски компромис што е и овозможи на С. Македонија да започне формални преговори со ЕУ…
ШТО СОДРЖИ КОМПРОМИСОТ: Бугарија ќе го признае македонскиот како еден од официјалните јазици на земјата и ќе го призна македонскиот идентитет. За возврат, Северна Македонија ќе мора да ја прифати историската вистина како што е дефинирана од Софија, да прифати дека постои бугарска основа врз која е изграден македонскиот идентитет и бугарска основа врз која е креиран македонскиот јазик.“
Ако ова што го пишпува Политико е точно, тогаш тоа значи дека Заев и компанија се согласиле дека Македонците историски се Бугари, дека македонскиот јазик е бугарски дијалект и дека ние сме вештачка креација од 1944 година, но дека дека ветачка креација сега е реалност која тие ја прифаќаат. Се разбира, со прифаќање од наша страна дека Гоце и се друго од нашата историја е бугарско.