„Јас верувам дека ќе биде возможен нов договор за спроведување на преземените обврски, за динамиката на спроведување на преземените договори и обезбедување дополнителни гаранции“, веели лидерот на Беса
„Јас верувам дека многу полесно ќе се спроведат уставните измени во една комбинација на македонската и албанската опозиција бидејќи верувам дека тогаш ќе биде полесно спроведлив тој постигнат договор“, вели првиот човек на Беса и еден од лидерите на коалицијата на опозициски партии на Албанците, Билал Касами, во интервју за „360 степени“ на МРТ 1.
За ставот на ВМРО-ДПМНЕ дека не само сега туку и во иднина нема да гласаат за уставни измени под овие околности, Касами коментира:
„Јас верувам дека ќе биде возможен нов договор за спроведување на преземените обврски, за динамиката на спроведување на преземените договори и обезбедување дополнителни гаранции“.
Во тој контекст, Касами го смета за коректен ставот на ВМРО-ДПМНЕ.
„Јас сметам дека за нив тоа е коректен став бидејќи тие сметаат дека … Македонија се договорила со Бугарија без да има, да кажам, поддршка и целосна легитимност од граѓаните на … Македонија за еден толку важен договор“, вели лидерот на Беса.