Од ЈСП информираат дека синоќа во автобусот на линија бр.7 на автобуската постојка кај комплексот Банки се случил уште еден инцидент, поттикнат од политички тензии.

„Апелираме до политичките партии да ја смират својата реторика во предизборниот период, да делуваат одговорно и да не користат реторика која ги потпалува тензиите меѓу граѓаните по кој било основ. Истовремено, апелираме до МВР, кое е надлежно за спроведување на мирни, фер и демократски избори, да преземе соодветни мерки за спречување на ваквата потпалувачка кампања која предизвикува нетрпеливост кај најмладите. Апелираме, МВР да ги засили своите контроли во возилата од јавниот превоз, како и на автобуските постојки, се вели во соопштението.

За среќа, се додава во истото, во овој настан нема тешко повредени, а причинета е само минимална материјална штета (скршен прозорец) на автобусот која ќе се покрие со осигурувањето на возилото.

На социјалните мрежи имаше објави за тепачка и во друг автобус на ЈСП.