Каталонскиот Парламент гласаше синоќа резолуција со која се повикува за укинување на монархијата во Шпанија, додека шпанскиот премиер Педро Санлез ја нарече недозволива.

Кралот Фелипе Шести е критикуван во Каталонија особено по реториката против каталонските сепаратисти за време накризата воминатата година.

Сепаратистичкото движење и антисепаратистичката коалиција Ен кому подем (Заедно можеме) ги обединија гласовите за да поддржат резолуција со која се осудува мешањето на кралот во каталонскиот конфликт и бараат укинување на „една стара и недемократска институција како монархијата“.

Санчес реагираѓше на Твитер нагласувајќи дека гласањето таква резолуција е недозволиво и најави правни акции за заштита на законите, Уставот и државните институции.