Катар во моментов не може да им помогне на земјите од ЕУ во нивните напори да најдат алтернатива за испораките на руски гас, изјави катарскиот министер за енергетика Саад бин Шарид ал-Каби на вчерашниот Форум во Доха.
Според него, во овој момент нема кој би можел целосно да го замени снабдувањето на европските потрошувачи со руски гас во блиска иднина.
Ал Кааби во врска со замена на увозот на руски гас и претходно изјави дека Катар нема да може да ја замени Руската Федерација, на која отпаѓа 30 до 40 отсто од гасот што се испорачува во Европа, и дека емиратот не е во можност да замени такви количини.
Во интервју за CNN Business, тој рече дека Катар инвестирал 28 милијарди долари во проширување на своето џиновско северно поле и очекува капацитетот на гас да се зголеми за повеќе од 60 отсто за четири години. Потоа се очекува околу половина од нејзините капацитети да заминат во Европа.
– Нашиот план е да бидеме 50 отсто источно од Суец, 50 отсто западно од Суец, рече министерот.
Околу 80 отсто од гасот во Катар моментално оди кај азиските клиенти, од кои повеќето имаат потпишано долгорочни договори кои не дозволуваат пренасочување на испораките на други потрошувачи.