Катар ќе биде домаќин на фудбалскиот Куп на нации на Персискиот Залив без учество на три држави кои ќе го бојкотираат натпреварувањето. Катар повеќе од две години е под блокада на соседните земји – Саудиска Арабија, Бахреин и Обединетите Арапски Емирати.

Во јуни 2017 година, тие ги прекинаа дипломатските односи со Доха, обвинувајќи го за поддршка на тероризмот и ја воспоставија својата транспортна и економска блокада.

Купот на нации на Персискиот Залив или Купот на Заливот, се одржува на секои две години. На турнирот традиционално учествуваат осум земји од регионот.

– Катар е подготвен да го организира 24. Куп на Заливот, кој започнува на 27 ноември и ќе се одржи на стадионот„ Ал-Калифа “, модернизиран за Светското првенство во 2022 година. На турнирот ќе учествуваат пет репрезентации, објави Јасим ар-Румахихи, генералниот секретар на организацискиот комитет на натпреварувањето.

Катар ќе биде домаќин на купот на Персискиот Залив по четврти пат во 51 година од постоењето на овој фудбалски турнир.