Се очекува катарските медијатори да одржат одделни разговори со иранскиот министер за надворешни работи, Абас Аракчи, во Њујорк, и со американската страна денеска или утре, изјави денеска официјален претставник запознатн со разговорите.
Се очекува разговорите да се фокусираат на ревидирана верзија на седумдневниот предлог што Иран го презентираше на маргините на Генералното собрание на Обединетите нации минатата недела.
Аракчи остана во Њујорк по учеството на Генералното собрание, но сè уште не е јасно кој ќе ја претставува американската страна во разговорите со медијаторите. Седумдневниот план на Иран предвидува прекин на сите непријателства во Иран и Либан, одмрзнување на милијарди долари ирански средства, укинување на санкциите за иранската нафта и укинување на американската блокада на иранските пристаништа.
За возврат, Техеран ќе дозволи повторно отворање на Ормускиот теснец, додека двете страни ќе продолжат со преговорите за нуклеарната програма на Иран.
МИА




