Коронавирусот во Србија е потврден кај 7.723 луѓе во последните 24 часа, а во исто време, 26 пациенти починале како последица од овој вирус.
Тестирани се 27.927 луѓе. На респиратор се приклучени 156 пациенти.
Овие бројки во Србија би требало да бидат последен аларм за „северните“ власти во Македонија, за уште сега, додека провеното ан позитивни од тетсираните е околу 10 отсто, кај нас да се превенира тоа што се случува во Србија. Посебно што нашиот систем се покажа тројно послаб во однос на тој во Србија во лекување на заболените.
Неизбежно е дека тамошните бројки за кратко ќе се пресликаат и кај нас, а тогаш веројатно ќе биде доцна. А, за почеткот би требало да се повлечат децата од училиштата или барем да се преполови нивниот број, со оние кои немаат медеицнски причини, но не сакаат да ризикуваат и имаат начин да ги згрижат децата.