Ливерпул уште еднаш покажа добра форма и го порази Арсенал со убедливи 5:1 на својот „Енфилд“ во меч од 20-тото коло од Премиер Лигата.

Така тимот од Мерсисајд имаат девет бода пред вториот Тотенхем и 10 пред третиот Манчестер Сити, кој има и меч помалку.

Ова е осмата последователна победа на тимот на Јирген Клоп на сите турнири.

Мејтланд-Најлс изненадувачки отвори за гостите во 11-тата минута, но Фирмино со голови во 14-тата и 16-тата минута го сврте резултатот во корист на Ливерпул. Мане го зголеми резултатот во 32. минута, а Салах ги реши сите дилеми за исходот од мечот со гол од пенал во продолжението на првото полувреме

Во 65-тата минута, Фирмино постигна „хет-трик“ и го оформи конечниот резултат.

Со оваа победа, Ливерпул направи многу сериозна најава за освојување на титулата, која ја нема освоено од сезозната 1989/1990.