Тежок пораз на ракометарите на Вардар од Мешков Брест со 31:22.
Изненадувањето е дотолку поголемо што по првото полувреме, вардарци водеа со 12:13, за во второто полувреме да доживеат вистински потоп и да загубат со 19:9.
Веројатно никој во тимот не помни кога Вардар во едно полувреме примил 19 голови, а дал само 9.
Иако, сезоната веројатно е веќе загубена, бидејќи Вардар не покажува дека има сила да се врати од оваа криза, очигледно е дека стручниот штаб мора нешто под итно да стори, за колку-толку барем да се зачува дигнитетот на тимот. Каква и да е ситуацијата во клубот, порази од 10 голови разлика од било кого се неприфатливи.