Барселона останува лидер во шпанското фудбалско првенство и после ова коло, откако со 2:1 го совлада Леганес.

Каталонците двата гола ги постигнаа откако добро се снајдоа после прекини. Најпрвин погоди Луис Суарез со глава, а победничкиот гол го постигна Артуро Видал во 80. минута на ова незгодно гостување кај тимот кој водеше со 1:0 по првото полувреме.

Од последните седум гола на Барса, само еден не беше после прекин.

Леганес остана со само една победа, тимот има само шест бода, најлош биланс на еден тим во последните 13 сезони во Примера после 14 одиграни кола.