Во огромен пожар на висококатница загинаа 58 лица, меѓу кои и и едно бебе.

Пожарот се случил во центарот на Јоханесбург и се предвидува дека има стотици повредени, пренесуваат од владата на Јужноафриканската Република (ЈАР).

Зградата е евакуирана и во тек е акција за пребарување и спасување.

Портпаролот на службите за итни случаи Роберт Мулауџи изјави дека операцијата за пребарување и спасување на затрупаните во урнатините е во тек и дека бројот на жртвите најверојатно ќе се зголеми.