Поплави какви не се регистрирани во Турција со децении однесоа најмалку 38 животи на северот на земјата.
Привремените податоци на владината Агенција за справување со природни катастрофи (АФАД) покажуваат дека 32 лица ги загубиле животите во провинцијата Кастамону, на брегот на Црното Море и шест во соседната провинција Синопу. Се уште неидентификуван број луѓе се водат како исчезнати.
Овие поплави, кои се резултат на обилните дождови од вторникот кон средата вечерта, се случуваат во време кога Турција се опоравува од разорните пожари во кои загинаа осум лица и опустошени туристички области на југот.
Многу експерти сметаат дека природните катастрофи како оние што се случија во земјата би можеле да бидат почести и потешки поради климатските промени.
Претседателот Ердоган синоќа ја посети една од областите најтешко погодени од поплавата, округот Бозкурт, во провинцијата Кастамону, каде се урна зграда од осум ката.
По поројните врнежи деводата во некои градови беше четири метри додека голем број од жителите во поплавените подрачја беа лути на локалните власти, обвинувајќи ги дека не реагирале доволно брзо за да ги заштитат.