Бившата специјалната обвинителка Катица Јанева искористи празничен викенд за Велигденските празници, а ТВ Телма ја затекнала како пазарува во еден од скопските маркети.

Од Управата за извршување санкции изјавиле дека Јанева ја добила оваа погодност на 23 април, а синоќа требало да се врати во затворот во Идризово.

Оваа мерка и следува по закон кој дозволува отпус на затвореници после одлежана една третина од затворската казна, која за Јанева беше досудена на 7 години.

Прв пат ваква мерка Јанева користеше за новогодишните празници, а до сега добила уште еден излез во февруари годинава, јави ТВ Телма.

Така Јанева Велигден го помина дома и за  време на велигденскиот викенд е забележано дека била многу активна на социјалните мрежи. Под нејзиниот псевдоним Кејти Јан на Фејсбук објави свои фотографији на кои се гледа дека е тазе фенирана, дотерана и со очила за сонце.

Исто така на своите пријатели и следбеници им испрати повеќе мудрости и  мотивирачки цитати. Еден од нив е и следниов: „Предност на паметните луѓе е тоа што можат да се прават будали. Спротивното е тешко изводливо“.

И додека Јанева третпат за нецели четири месеци користи излез од затворот, повеќе од обвинетите од бившото СЈО, на чие чело беше токму Јанева, како и осудени на долгогодишни затворски казни за „случајот 27 април“, нејзината привилегија не им е достапна.