Владимир ПАНЧЕВСКИ

КАТИЦА ЛАЖЕ!

„Не е точно дека се менувал закон за ослободителната на Заев, доволно беше што обвинителката Валентина Бислимовска по наредба од обвинителите Сашо Рајчев и Лиле Спасовска преквалификуваше од ставот 5 во ставот 2 бидејки користа демек не била прибавена туку само побарана, а за делото под став 2 не можеа да важат ПИМ мерките и делото остана без докази!

Така функционира ТРАС ТРАС ОБВИНИТЕЛСТВОТО И СУДСТВОТО!“

Ова е објаснувањето на екс претседателот на Кривичниот суд во Скопје, Владимир Панчевски, за тоа како е ослободен Зоран Заев во случајот „Поткуп“, откако денеска, во завршниот збор во случајот „Рекет“, Катица Јанева истакна дека за да биде ослободен Заев е менуван закон, без да даде поконкретни објаснувања за тоа. Панчевски, во својата реакција на ФБ, ги истакнува своите сознанија за тоа како е ослободен Заев.