Трговската војна меѓу трансатлантските партнери добива на замав откако Брисел јасно става до знаење дека нема намера да остане без одговор на американските трговски санкции.
Европската унија ги предупредија САД дека на воведувањето царини за автомобилската индустрија ќе одговорат со големи конрамерки кои најверојатно ќе опфатат американски извоз вреден 294 милијарди долари.
Брисел до американскиот оддел за трговија го доставил документот на десет страници во кој блокот земји ја изразува својата позиција за наметнувањето царини за узвозт на автомобили, нарекувајќи ги нив од економска гледна точка „неоправдани“ и „бесмислени“.
Според доставениот документ, на американска почва се отворени 120.000 работни места од европски компании кои произведуваат 2,9 милиони автомобили.
ЕУ, исто така, забележува дека намерата на Вашингтон да наметне царини, лошо ќе се одрази на американска автомобилска индустрија затоа што домашните производители ќе мораат да одговорат на драматичното зголемување на трошоците.
Исто така, ЕУ врската меѓу автоиндустријата и националната безбедност, на која се повикува претседателот Доналд Трамп, ја смета за „слаба“.