Оставка од водечките позиции во државните бродски компании што се занимаваат со снабдување со нафта и гас поднеле двајца членови на поширокото семејство на поранешниот казахстански претседател, Нурсултан Назарбаев, соопшти во саботата Државниот фонд на Казахстан.

Државниот фонд Самрук-Казин денеска преку соопштение ја информира јавноста дека Каират Шарипбаев и Димаш Досанов поднеле оставки на извршните директорски позиции во две државни компании, „КазтрансОил“, оператор со нафтоводот, и „QazaqGaz“, оператор со гасоводот.

Шарипбаев е во брак со најстарата ќерка на поранешниот претседател, Дариг. Брачната двојка не ја коментираа информацијата. Досан, пак, е сопруг на Алија Назарбаева, најмладата ќерка на Назарбаев.

Од Самрук-Казин не се соопштува зошто двајцата извршни директори на компаниите поднеле оставка

Назарбаев, кој беше претседател на земјата цели 30 години, пред да поднесе оставка во 2019 година, до пред една недела успеваше да задржи огромни овластувања, кога, среде насилство и немирите, неговиот наследник Касим-Жомарт Токаев го смени од челното место во влијателниот Совет за безбедност и притоа најостро одговори на протестите поради поскапувањето на горивата.

Токаев во телевизиско обраќање ја информираше јавноста дека ја презема функцијата претседател на Советот за безбедност, функција поради која Назарбаев се уште имаше огромно влијание во земјата.

Легендарниот казахстански лидер (81) се нема појавено во јавноста од протестите на 4 јануари, а критичките коментари на Токаев за него поттикнаа шпекулации дека двајцата лидери се скарале пред Токаев конечно да го турне својот поранешен политички ментаро на маргините.