Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун го надгледуваше тестирањето на крстосувачката ракета лансирана од подморница, објавија државните медиуми.

Северна Кореја минатата недела соопшти дека ја развива и тестира ракетата „Pulhwasal-3-31“, пренесе агенцијата КЦНА.

Ким ја инспектираше изградбата на подморницата на нуклеарен погон, нарекувајќи го нуклеарното вооружување на неговата морнарица итна национална задача, јави КЦНА.

Јужнокорејската војска соопшти дека Северна Кореја вчераутро истрелала повеќе крстосувачки ракети во морето во близина на нејзиниот источен брег, без притоа да даде детали за инцидентот.

фото:ЕПА