Најдобриот играч на Тотенхем, Хари Кејн кажа што е потребно за да се исполнат амбициите на тимот оваа сезона во Премиер лигата.

– Секако, треба да се обидеме да завршиме во првите четири. Ни претстои важен натпревар со Манчестер јунајтед, а за да влеземе во Лигата на шампионите, треба да победиме на 7-8 натпревари до крајот. Ова е нашата цел, затоа треба да завршиме моќно, изјави Кејн.

До крајот на Тотенхем му преостануваат уште девет натпревари.

По 29 одиграни кола во Англиското фудбалско првенство, „Спарси“ се наоѓаат на 8.место со 41 бод, односно седум помалку од Зоната која обезбедува учество во ЛШ.