Конфликтот меѓу контроверзниот фудбалер Марио Балотели и Бреша оди кон правна разрешница. Двете страни ангажираа адвокати, а случајот би можел да оди на суд.

Играчот бара да биде вратен во тимот или да му се исплати значителен надомест. Во исто време, многу е веројатно Балотели ова лето да ја напушти Бреша, пренесува новинарот Николо Скира.

За 29-годишниот Италијанец се заинтересирани Галатасарај, Васко да Гама, Фламенго и Ботафого.

Договорот на Балотели со Бреша важи до јуни 2022 година.