Јованка КЕПЕСКА
Собирот Мисирковите денови „„„ што се одржа на 16 и 17 ноември, о. г., по повод 100 години од смртта на Крсте Мисирков, во организација на МАНУ и на петте македонски научни институти од сферата на историјата и хуманистичките и општествените науки, беше осмислен за научна дебата на сите теми кои се однесуваат на „Македонистиката и славистиката и како историски и како современ дискурс“. Пораката на директорот на Институтот за историја, како иницијатор на конференцијата, проф. д-р Митко Паанов, ја образложи темата, поврзани и со приодот на Крсте Мисирков со оглед на тоа што јазикот, историјата и културата не само што се наследство што треба да го чуваме туку дека имаме обврска постојано научно да го истражуваме, да го развиваме. Определувајќи го, во дебатата, значењето на Крсте Мисирковата мисла затоа останува отворена како претпоставка за изградбата на македонскиот литературен јазик.
Македонистиката, истоветно као и славистиката, притоа ја претпоставуваат научната содржинска опфатеност на историјата, хуманистичките и општествените науки освен филологијата. Оттаму за Крсте Мисирков, во новата културна борба, првенствено место зазема прашањето за македонската народност и за македонскиот национално-религиозен развиток, претпоставени во актуелните општествено-политички односи кои ги условуваат процесите околу нашиот јазик, националната литература и на воспитувањето во национален дух.
Крсте Мисирков, го применува пристапот во остварувањето на македонската национална парадигма, поврзувајќи ги македонскиот народ со неговиот јазик, како што вели, во време и простор, и не само со политичките задачи и организација, туку и со културната политика, што му претстоат. Во книгата „За македонските работи“ издвојува дел за македонскиот јазик, означувајќи го со „Неколку збора за македонскиот литературен јазик“ и ги изложува идеите за основите на македонскиот литературен јазик: „1. Прилепско-битолското наречје за литературен јазик, како еднакво далечно и од српскиот и од бугарскиот јазик и централно во Македонија фонетскиот правопис со употребените писмени знаци во оваа книга и со мали отстапки на етимологијата, и 3. речничкиот материјал да е збир од сите македонски наречја.“ „Околу централните наречја треба да се групираат сите наши научни и литературни сили и да создадат од него еден убав литературен јазик“. „Ние видовме колку се народните интереси тесно врзани со јазикот, а последниот со карактерот и духот народен“.
Секој народ тежнее кон осознавањето на законитостите на својот јазик што е суштината на литературниот јазик, постигнувајќи апстрактност во мислењето кога создава граматика, вели Хегел. Така и македонскиот народ во својот развој има идеи и обиди врз народен говор, да ја оствари граматиката. Така што и осознавањето на основите и карактеристиките на македонскиот јазик, во историскиот развој на македонскиот народ, продолжително се одвивало.

Во трисеттите години од 20 век, и меѓу национално освестената македонска интелигенција, најпрво од македонските студенти во Белград, интензивно се дискутира за основите на македонскиот литературен јазик. За Круме Кепески и Крум Тошев, тогаш студенти на славјанска филологија, Љубен Лапе, на историја и студентите на другите егзактни факултети, во неформални разговори на поединци, идеите за основите на македонскиот литературен јазик се различни. Круме Кепески ќе рече дека тој и Крум Тошев биле за тоа дека како основа за македонскиот литературен јазик треба да се земат битолско-прилепските говори. Круме Кепески веќе од студентските денови, професионално и оформуван, почнува со научни трудови да се бави со прашањата на словенската азбука, со компарација на акцентот во славјанскиот и во македонскиот јазик, со граматичка анализа на прилепскиот говор, нарекувајќи го македонски, одбранет пред Александар Белиќ од кого е препорачан за објава во списанието „Јужнословенски филолог“ (1941). Со трудот од1944 година за историскиот развој, распространетоста на македонското население и границите но и со анализата на македонските во споредба со бугарските дијалекти.
По АСНОМ, со стекнувањето на слободата, Круме Кепески ја објавува првата Македонска граматика на македонскиот литературен јазик јазик.
Онака како што и Крсте Мисирков ќе рече: „…за македонската народност, македонска литература и литературен јазик ние ќе можеме да мислиме само кога ќе заживееме еднаш слободен живот…“ .
Авторот на граматиката, Круме Кепески, укажува дека за да ја оствари граматиката се отповикал на предлогот токму на најголемиот Македонец на 19 век, Ѓорѓи Пулевски, „да се соберат од сите македонски краишта, људи учени који го познаваат јазикот мајкин чисто“ и „тие да создадат граматика“ „пак да остане како света таја книга, а и за други книги писање“. потврдувајќи го континуитетот во мислата за македонскиот јазик.
Притоа, да се укаже дека книгата на Крсте Мисирков „За македонските работи“ не му била позната ниту на авторот на граматиката.. Круме Кепески за прв пат се сретнува со книгата од Крсте Мисирков „За македонските работи“ во 1944 година, работејќи на прибирање на релевантни научни извори за македонското население и границите на Македонија во Македонскиот институт во Софија. И иако, непосредно пред Втората светска војна, била позната во Македонскиот кружок во кој учествувале македонските интелектуалци со комунистичка провиниенција, сепакза сите школја , а и за , книгата „За македонските работи од Крсте Мисирков не била позната пошироко во македонската интелигенција. Но, познавајќи го историскиот пат на македонскиот народ и на карактеристиките на македонскиот јазик, на неговите дијалектни и на дргите негови специфичности, се дошло до сознание за основите и за нормите за македонскиот литературен јазик.
Севкупните напори придонесуваат за објективниот научен пристап кон македонскиот литературен јазик.. И без оглед на тоа, како што, речиси, половина век покасно се случиле, како што ќе рече Круме Кепески, откога „Крсте Мисирков веќе ги имал ставено определбите на книга“, би се очекувало еднакво вреднување на придонесите на одделните дејци за развојот на македонскиот јазик и нивната признателност. .




