Значење добива ракописот на Круме Кепески со наслов „Признанија од туѓи писатели, историчари од 9-19 век за Македонија и за нејзиното население и граници.“ од 1944 година, на 160 страници. Станува значаен затоа што се претставуваат сознанија на афирмирани писатели во светската научна литература, историчари но и други сведоци од времето на создавањето на македонскиот народ до актуелниот век на нашето живеење. Не е на одмет одново да се претстават овие сознанијата на византиски, грчки и други писатели, историчари, географи, етнографи, патеписци, статистичари, конзули, митрополити, монаси, како и податоците од грчките весници за македонската самобитност, македонскиот јазик, етничката територија и името Македонија од 9-19 век и, речиси, до Втората светска војна. Сеопфатно презентирани во ова дело. Со нив истовремено се побиваат актуелните претензии да се негира македонскиот народ и македонскиот јазик.
Круме Кепески
Круме Кепески, образуван во славјанската филологија, добар познавач на историјата на македонскиот народ и на историските белези на јазикот на македонскиот јазик (тој е веќе автор на значаен труд каков што е „Прилепскиот говор“, 1941 год.), ерудита, го познава францускиот јазик, помеѓу 15 септември и крајот на декември, 1944 година, (откога на 9 септемви пристапил во ослободителната бригада „Гоце Делчев„) е определен да збира материјали во библиотеките и архивите во Софија за границите и териториите во кои живее македонскиот народ во пресрет на мировната конференција која требало да се одржи по завршетокот на Втората светска војна во Париз, кога е настанат овој ракопис.
Трудот е засновуван врз тезата за природната поврзаност на македонскиот народ со територијата. Тезата е застапена и во користената литература а тоа е и пристапот што се применува и во сите научни трудови во Македонија, по ослободувањето.
Покрај научни ставови, претставени се и статистички табели, карти, етнографски анализи за македонското население во Македонија и од славистичката мисла за карактеристиките на македонскиот јазик во различни историски периоди, од 9 в. наваму.
Од севкопно прикажаните ставови и податоци се заклучува дека на територијата на Македонија е создадена засебна етничка творба на Македонските словени, со посебен јазик. Називите Македонија, Македонски Словени се изрично користени иако Пиринска Македонија и Егејска Македонија се наведуваат и како издвоени целини. .
Најпрвин се претставени многубројните Византиски (грчки) писатели. Исказите се дадени во оригинал на грчки или старословенски јазик но и во превод на македонски јазик. Во прилогов застапени се само според преводот на македонски јазик.
Константин Порфирогенет кажува дека „Се пославјани целата (се мисли на грчката земја – заб. К. К.) и стана варварска“ (се мисли славјанска – заб. К. К.)); Во „Житието на св. Методи“ , императорот византиски Михаил Трети, во 862 год., кога ги повикува Кирила и Методија и кога им вели тие да заминат за Моравија, уште им вели: = „Вие сте Солуњани, а Солунчани сите чисто славјански говорат“; Теофилакт, охридскиот архиепископ, по народност Грк, во „Житието на Климент Охридски“, кое го напишал во крајот на 11 век, за Кирила и Методија пишува: „Но бидејќи Славјанскиот род не ги разбираше напишаните на грчки јазик книги, тие свети мажи гледаа како на голема злочест“.
Јован Скилица (11 век) за востанието на Петар Делјан (Демјан, заб. на К.К.), во 1040 година, во Скопје и Солун, вели: „Во таа година (1940) Славјаните дигнале востание“. Истовремено кажува дека, истата година, норвешкиот војвода Харалд им помогнал со својата војска на Византинците за да го загушат востанието во Македонија до Солун и дека во скандинавските песни се опишува и воспева Харалд како загушувач на Славјанското востание.
Опфатени се следните наводи: дека во 11 век Василиј II Македонец го нарекува Костурскиот епископ „Прв меѓу подвластените на Охридскиот бугарски Архиепископ; и дека самиот Костурски митрополит се титувал како „Егзарх на цела стара Бугарија“. (Називот стара Бугарија е различен од државата Бугарија – н. з.).
Важен е податокот од „Житието на св. Димитри Солунски“ во кое кога се говори за нападот на на Славјаните во 676 год. да се наведат имињата на македонските племиња. Се употребува „народ“. Се вели : „И така се случи, во време на епископството на светопомолитвелниот Иона, се подигна славјанскиот народ: Драговити, Сагудати, Бабуни, Брзјаци и др. и тргнаја на Солун“.
Потврди за Македонија и нејзиното славјанско население во областите, кои сега се под Грција, се наведуваат кај следните византиски писатели: Иоан Маллала, хроничар (10 в.); Моон Камениат (904 год), родом од Солун; Кекавмен (1067 год.); Ана Комнен, 1073 год. која говори за „српско – беломорска етнографска граница“. Никита Хониат (1198 г.); Хоматијан (13 в.); Никифор Григора (1326 г.); Теофан, Каваси Н. Акоминат; Кедрин со „Грамоти на Романа Стари“; Василиј Македонец Втори; Андроник Палеолог; Т. Акрополит (1225 г.).
Наведен е податокот што го дава проф. В. Григорович (Русин) кој, во 1845 год., го посетил битолскиот митрополит Герасим. Митрополитот му расправил дека старата титула на Пелагонискиот митрополит била: „Егзархис пасис а но Булгарие“, но дека, сега, во ново време, Бугарија е заменета со Македонија.
Како што има и податок, во еден ракопис од 15 век, под број 12 38 на Bibliotteque Nacionale du Paris, во кој се вели дека Григори Акиндин, Солунски архиепископ, бил „по род Мизиец“ т.е. од Прилеп.
Потоа се наведуваат ставови кај новогрчките писатели: Географ Мелетиј (17 век); Атанасиј Пароски во книгата „Урану Крисис“: „Солуне, тебе ти се предлага благодарност од сите Славјани во покраината Македонија“ (за Кирил и Методија) (1795, 1805, 1850); Атанасиј Стамрски (1819); Николај Лоренти (1838); Диожен Пиру (1834); Н. Агоритис (1819); П. Аравантинос (1859-67); Ст. Спитару, 1856 г.
Атан. Калкилопуло (1913) во статистиката која ја дава како секретар на грчкиот конзулат во Скопје, печатена во Атина,1913 год., Славјаните во Грција ги наведува именувајќи ги како „Славофони“ притоа мешајќи ја верата и народноста. Како што и во грчкиот весник „Неа имера“ од 1. XI 1914 г., се вели: „Нема почисти Грци од „Славофоните“; А еден грчки војник, на служба во село Несрама (Костурско), пишува во весникот „Еллас“ , бр. 10, 1913г. дека: „На учениците им се забранува да си говорат на мајчиниот славјански јазик“.
Во 1857 година, во историско-географска книга во 2 тома, излезена во Атина, од П. Аравантинос границите на Македонија се определени вака: „Родопи кон Тракија, Шар-планина од кон Бугарија и Србија, Олимп и Хасовете (Камвуница планина) од кон Тесалија и Пинд од кон Епир.“
„Во Пелагонија е расположен новиот град Битола со 20.000. Неговите христијански жители говорат главно (болгарски) славјански.“ (Употребен е називот славјански а во заграда бугарски – н. з.). И потоа „Негуш – 2000 души од славјански род“ …„Исто и во Леринско, Серфиџенско, Преспанско и Охридско“.
За прашањето на населбата на Славјани во Македонија и до каде тие се простираат одговоруват и чешките научници: Шафарик, Нидерле и Иречек. Како и Србинот Ст. Станоевиќ .
За населувањето на Славјаните во Македонија тврди и Ерменската географија на псевдо – Мојсеја Хоренски од 670-680 год.
Докторот Едвард Браун, Лондон, 1673 год. ги наведува границите помеѓу Србија и Македонија, според Ст. Новаковиќ, 1667 година.
Васил Беркиќ, 1771 г., говори за ополчарскиот јазик (западнославјански – н. з.) во Серез – Македонија.
Познатиот турски историчар и географ Хаџи-Калфа, роден од Цариград, (во 17 в., умрел 1655 година) во делото „Руменија и Босна“ пишува: „Хрупишта, до брегот на Костурско езеро, 2ч. од Костур, во соседство лежат казите: Костур, Билица и Населица. Жителите се (бугари) Славјани. Наоколу лежат Костур, Горица (Корча), Преспа, Хрупишта. Жителите се Бугари и Албанци.“
Писатели од 19 век и понатаму
1801 год. францускиот конзул Пуквил, при Али паша Јанински, пишува за славјанската област која ги опфаќа селата Пјакос, Дупјари и Ланга до Костурското езеро. Како добар познавач на Јужна Македонија, и францускиот конзул во Солун, од 1773-79 и од 1786-93 год., Кузинери, пишува дека Славјаните продолжуваат да се населуваат во планините и полињата каде што некогаш се населиле како победители. Тоа се полето покрај Солун, Воденската епархија, Постол – Пела.
Вук Караџиќ говори за границите на Србија, 1827 г., од Шар планина до Сава и Дунав и од Стара планина до Дрина и Лим.
Поместено е и сфаќањето на францускиот научник Ами Буе, француски научник кој патувал во Европска Турција, во 1836-78, дека под името „Македонија тој ја разбирал земјата меѓу Шар планина и Рила, од Шар планина до Грамос, реката Бистрица, Бело море и реката Места на Исток. Качаник е: вратата на Македонија“ (Porte de la Macedoina II, стр. 339). Според неговата карта во Македонија влегуваат: Костур, Охрид, Дебар, Тетово, Воден, Сер до реката Места.
Истите граници ги посочува и Германецот, проф. Гризебах кој патувал во Македонија, во 1839 година.
Англиските филантропки мис Мекензи и мис Ерби во 1863 год. патуваат во Македонија. За Солун пишуваат дека е Солун на „онаа страна (Македонија) на која населението зборува славјански…Тој е на границата која го дели Славјанското население од Грчкото …но населението се спушта Французинот Лежан ненолку милји на југ.“ Според нивната карта границата на Македонија е: „Шар планина на југ до Охридското езеро, ги опфаќа Скопје, Тетово, Дебар, Струга, Охрид, Сачиште до Костурското езеро, до островското езеро и слегува до устието на Вардар, опфаќајќи ги Воден, Ениџе-Вардар, минува малку на север од Солун и оди до Сер.“
За јужните делови од Македонија и за словенското население и Французинот Лежан пишува статија на француски и германски јазик, 1861 год., откога патува во Европска Турција во 1857-8 година.
Притоа рускиот монах Партениј кој патувал за Света Гора, 1839 година во книгата „Сказание о странствија и путешествија“, за Сер, вели: „Сиромашните Славјани се притиснати не само од турскиот јарем но и од Грците“.
Рускиот славист Виктор Григорович кој патува по Македонија 1844-45 во своето дело „Очерк путешествија по Европ. Турцији“, второ издание, Москва , 1877 година исто така говори за славјанското населеление во Воден и Острово, близу до езерото.
Границата на Македонија според првиот славјански етнограф Павел Јосиф Шафарик е „Од Дрим до Охридско езеро, продолжува на југ, кога ги вклучува Билица и Костур, Влахо-Клисура, слегува до Солун, минува на север преку Негован, Рупел и врви на исток до р. Места“.
Рускиот научник Гилфердинг исто така патувал по Македонија. Како и Англичанецот Тозер кој патувал неколку пати, 1853, 1861, 1865 и во 1869 година по Македонија говорат за славјанското на селение како најголем дел од христијанското население населено од Солун до Албанија. Вели: „…се многу интересен народ кој го одбележуваат трудољубие и чесност“.
За словенското население на Солунскиот санџак пишува и Карл Сакс во 1869.
Во исто време бугарскиот револуционер Марин Дринов, 1849 год., според Ѓ. Даничиќ, говори дека во солунско населението е словенско.
К. Герсин (по Н. Жупанчиќ) во делото „Македонија и турскиот проблем“, 1903 зборуваат за природните граници на Македонија од Исток – Југ – Север – Запад.
Проф. А. Иширков, 1908, говори дека на Македонија и се дефинирани границите.
Проф. М. Робев пишува за географска и етнографска Македонија; А. Шопов како рецензент на „Едно патување“ од Кузинери, франц. писател, 1907 г., ги дефинира северната, западната и јужна етнографска и политичкоадминистративна граница на Македонија; Ст. Ивановиќ за северната граница на Македонија; дадени се границите според Берлинскиот договор, 1878 година.
Професорот од Москва, А. М. Селиштев, патувал по Македонија три пати, 1914, 1918 и 1929 година. Според „Македонски преглед“, год. I, кн. 4, вели: „Во земјата Македонија како одделна целост се јавуваат четири групи особености: Селиштев ги дели на две групи: Западна на запад од Вардар и Црна и југоисточна (на југ од Преспанското и Охридското езеро до Бистрица и областа меѓу Вардар и Струма)“.
Тука е и исказот на И. А. Бодуен де Куртене кој преку еден збор – слав- го дава името на Славјаните кое се чува за Македонските Славјани. И дека централниот македонски народ го има членот кој не е ниту српски, ниту бугарски. Покрај другите карактеристики на јазикот какви што се гласовите, акцентот, сврзниците. И друго.
За славјанскиот јазик во Костурско и Леринско забележал и францускиот славист А. Мазон; Проф. Јорданка Иванова: границата на централните говори.
Поместени прикази на етнографски карти за границите на Македонија: Картата на целосна Беломорија, Тракија, гравирана и изработена во Стразбург, 1843 година од Алек. Х. Русее; Комаровата карта на словенско население од 1847; карта на Карперта, 1876 година (сите граници); карта од Е. Станфорд.
Поместена е „Кратката расправа по етнографијата на Македонија“ од Д. Матов; С. И. Веркович, 1889, кој вели дека населението не е српско и ја дава северната граница на Македонија; Бизмарк кој во својата реч на Берлинскиот конгрес, 19. II 1878 год. вели дека „Етнографската ситуација и како народот гледа е значајно за создавањето на границите“.
Во литературата се прикажани бројни карактеристики по градови: Скопје, Куманово, Штип, Кратово, Битола, Девол, Кичево, Прилеп, Тетово, Гостивар, Струмица, Мелник, Моглен, Костур, Ќустендил, Дупница, Радомир, Костур, Острово, Зеленик , Горица, Воден, Апостол, Сер, Негуш, особено за Солун: Житие на Димитар Солунски: заземањето на Солун, 676; („Солун во минатото“ од Димитриев, : „Солун е средоточие на цела Македонија“, кн. XLV, 1894; од Теофил Тафеи,1894 год., за Солун ( „De Thessalonica“); во потоа кај д-р К. Иречек,1882; кај д-р Хенрих Парт, 1862 год. ) и селата Листица, Лонча, Мохама, Несрами, Грамоч, Орестија (наведени се селата кај Цвијиќ според кои се границите на Македонија); Дадени се статистички податоци според M. Kentcheff , „ Популација на Македонија“, 1900 (за Тетиво и Гостивар) како статистики од крајот на 19 па до 1925 година; Податоците на Т. Вестилев за Воденската каза; од В. Канчов, 1898 г. за Скопје, Битола; Rene Pinoh: населението по вилаети.
Наведени се првите печатници во градовите.
Од особен интерес се сознанијата за владеењето на царот Самоил; Златарски во „Македонски прилози“ говори за Воден како престолнина на царот Самоил.
Според Миловановиќ, „Дела“, Бгд. 1898 год. : „Самостојни и слободни племиња воVII век, вон Србите и Бугарите во Македонија (стр. 279); Македонците кои имале народно единство имаа длабоки корени (стр. 280); Под турското, српското чувство исчезнува и се враќа на своето чувство пред завојувањето (стр. 281)“.
(Ј. К.)