Државата гарантира дека попишувачите максимално ќе ги почитуваат јасно утврдените здравствени протоколи, за да го заштитат своето, но и здравјето на граѓаните, изјави денеска портпаролот и пратеник на СДСМ, Костадин Костадинов.

Тој ваков одговор даде на новинарско прашање за пописот среде пандемија и експлозија на третиот бран од коронавирусот.

– Секако дека како одговорна партија и како парламентарно мнозинство и како Влада којашто навистина дава се од себе за справување со оваа пандемија од Ковид 19 вирусот, вреди да упатиме порака до граѓаните дека навистина пописот како статистичка операција ќе биде безбеден.
Овде државата гарантира дека попишувачите максимално ќе ги почитуваат јасно утврдените здравствени протоколи, се со цел за да го заштитат здравјето свое но секако и на граѓаните, изјави Костадинов на денешната прес-конференција.

А „безбедниот попис“ со „одговорната власт и партија“ ќе се спроведува без обезбедени вакцини и со денеска уште 24 починати и 1.293 новозаразени со Ковид-19!