Кошаркарската федерација на Македонија од денеска ја доби на користење голема сала на СРЦ „Кале“.

Ова не заедничка прес-конференција го соопштија раководството на федерацијата и претставници на Владата.

Првиот човек на КФСМ, Перо Антиќ се заблагодари на Владата и изрази задоволство од тоа што федерацијата добива своја сала.

– Во нашата програма стои дека акцент ќе ставиме на обезбедување услови за младите кошаркари. Презадоволен сум што конечно добиваме своја сала во која младите ќе можат да работат 24 часа 365 дена во годината, изјави Антиќ

Советникот за спорт во Владата, Даниел Димевски рече дека се прават напори и другите спортски федерации да добијат свои терени, а го најави и почетокот на изградбата на Домот на спортовите.

– Ова е едно од клучните наши заложби да спортските објекти ги дадеме на користење на спортските субјекти. Ќе има и други објекти кои ќе се доделат на федерациите. До крајот на неделата ќе имаме уште едно изненадување, нов сопственик ќе добие уште еден круцијален објект и се во насока на тоа објекти кои со години талкале да се најдат во вистински раце, потенцира Димевски.

Предвидено е салата во СРЦ „Кале“ да биде своевиден дом на репрезентациите, почнувајќи од младинските категории па се до сениорската.

Што се однесува до канцеларијата на КФМ и натаму останува на старите простории, се до изнаоѓање на соодветни поголеми, но и тоа би било привремено решение до конечната изградба на Домот на спортовите.