Селекторот Лионел Скалони и неговиот имењак и капитен на Аргентина Меси, нема да стават крај на репрезентативните кариери и покрај поразот (0:2) од Бразил во полуфиналето на Купот на Америка.

Скалони ќе ги предводи „гаучосите“ барем до декември кога му завршува актуелниот договор. Во зависност од анализите што ќе ги направи тамошната федерација, ќе с езнае дали ќе му биде понуден нов договор.

Иднината на капитенот Меси во националниот тим не е доведена во прашање, без оглед на новиот неуспешен обид да стигне до трофеј во аргентинскиот дрес.

– Го одигравме најдобриот натпревар во Купот на Америка. Тие не беа подобри од нас. Не ги искористивме шансите. Во секој случај овие играчи направија големи напори. Ние мора да дозволиме да се развиваат. Не смее да се врши притисок врз нив. Се чувствував многу добро со овој тим. Ако можам да помогнам, тогаш да, ќе играм и понатаму, изјави Меси.

Аргентина в сабота ќе игра меч за третото место на Копа Америка со поразениот од дуелот Перу – Чиле.