Кошаркарките родени 2001 година и помлади тековното лето, конкретно од денеска, ќе ги бранат националните бои на Еврпското првенство за кошаркарки до 18 години кое ќе се одигра во Скопје.
Кошаркарската федерација на Македонија ќе нагости дваесет и две репрезентации од Европа кои ќе се натпреваруваат за влез во првата (А) дивизија. Првите три пласирани репрезентации на ова првенство идната календарска година ќе се здобијат со право за учество на континенталниот собир.
Дванаесетте избранички на Жаклина Стојановска и нејзиниот стручен штаб се дел од групата Ц каде ќе разигруваат заедно со соодветните национални селекции на Ирска, Романија, Грција, Словачка и на Австрија.
Нашите репрезентативки натпреварите од групната фаза ќе ги одиграат во малата сала при спортскиот центар „Јане Сандански“. Сите натпревари се одигруваат во терминот од 18:45, а влезот во салата е бесплатен.