Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека 31.000 украински војници загинале од почетокот на војната, со што ја објави првата официјална бројка за воени жртви по многу месеци.

Тој истакна дека победата на Украина во војната против руските сили зависи од поддршката на западот и изрази надеж дека американскиот Конгрес ќе одобри нова голема воена и финансиска помош.. Претходно, министерот за одбрана Рустем Умеров посочи дека околу 50 проценти од западното оружје не стигнува во Украина, што доведуваат до загуби и на персонал и на територии.