Северна Кореја ќе продолжи да развива „значајни ударни капацитети“ и да ги подобрува своите стратешки сили, изјави севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун.
Тој ова изјава ја даде при посетата на работниците кои учествувале во изведбата на ракетното тестирање од пред четири дена, јавуваат севернокорејските државни медиуми.
Британските медиуми јавуваат дека Пјонгјанг во четвртокот ја тестираше својата досега најголема интерконтинентална балистичка ракета, што наиде на осуда од меѓународната заедница, а особено од САД.