Американските политичари треба да престанат да повикуваат на дипломатски бојкот на Зимските олимписки игри во Пекинг за да се избегне нарушување на билатералните односи. Кина ќе преземе контрамерки доколку е потребно, соопшти денеска кинеското Министерство за надворешни работи.
Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден се очекува оваа недела да објави дека претставници на американската влада нема да присуствуваат на Олимписките игри во Пекинг во 2022 година, јави Си-Ен-Ен.
Оние кои повикуваат на бојкот се егоцентрични и треба да престанат да го прават тоа за да не влијаат на дијалогот и соработката меѓу Кина и САД во важни области.
– Ако САД инсистираат своеволно да се придржуваат до својот курс, Кина ќе преземе решителни контрамерки, соопшти денеска портпаролот на кинеското МНР.
Дипломатскиот бојкот не значи дека спортистите нема да се натпреваруваат на Игрите.