Кина соопшти денеска дека одлучно се спротиоставува на одлуката на САД да воведат дополнителни царини за кинески стоки вредни 550 милијарди долари. Тие го предупредуваат Вашингтон дека ќе сносат последици ако не ги прекинат „погрешните трговски акции“.

Доналд Трамп, претседател на САД, најави воведувањецарини за производите увезени од Кина во износ од 550 милијарди долари – што е и најновата ескалација на царинската војна што ја водат САД и Кина со месеци.

Тој потег, чие повлекување го објави Трамп на Твитер, се случи неколку часа откако Кина најави царини за американски стоки од 75 милијарди американски долари, бидејќи Трамп претходно ги повика американските компании да го прекинат работењето во Кина.

Трамп најави дека САД ќе ги зголемат царините на увоз од Кина од 250 милијарди американски долари од сегашните 25 на 30 проценти од 1 октомври. Тој исто така најави дека тарифите за увоз од 300 милијарди американски долари од сегашните 10 ќе се зголемат на 15 проценти.