Кина им препорача на своите граѓани да избегнуваат патувања во Јапонија поради тензиите предизвикани од изјавата на јапонската премиерка Санае Такаичи дека Токио би можел воено да интервенира за да го одбрани Тајван, остров што Пекинг го смета за отцепена покраина.
Министерството за надворешни работи на Кина, Амбасадата и конзулати во Јапонија ги повикуваат кинеските граѓани да избегнуваат патувања во Јапонија во блиска иднина, се истакнува во соопштението објавено на социјалните мрежи.
Исто така се посочува дека „јапонските лидери неодамна дадоа отворено провокативни изјави за Тајван, кои сериозно ја нарушија климата помеѓу народите“.




