Кина објави дека ќе воведе ограничувања за извоз за 14 европски компании за одбрана и технологија. Ваквата одлука на официјален Пекинг доаѓа откако ЕУ стави 14 кинески компании на листата со санкции поврзани со Русија, објави „Политико“.

Како што пишува магазинот, брзорастечката германска компанија за одбрана „Рајнметал“ е меѓу 14-те компании за кои на кинеските извозници им се забрануваат снабдување со стоки со двојна употреба.

На листата се наоѓаат и чешкиот производител на камиони „Татра“, холандската компанија за бродоградба „ИХС Мерведе“ и неколку компании вклучени во развојот на оптика и ласери.