Францускиот претседател Емануел Макрон изрази солидарност со Шпанија, Италија, Грција и другите европски земји кои се соочуваат со големи шумски пожари.

Во објава на социјалната мрежа Икс, Макрон порача дека неговите мисли се со сите народи кои во моментов се борат со огнената стихија.