Кина почна изградба на повеќе од 100 силоси за интерконтинентални балистички проектили, објави Вашингтон пост повикувајќи се на извештај на независни експерти.
Силосите се градат во пустината во близина на градот Јуман, провинцијата Гансу, северозападна Кина.
На сателитските снимки до кои дошле истражувачите на Центарот Џејмс Мартин, кој го истражува ширењето на нуклеарното оружје, се гледааат 119 идентични конструкции како кинеските силоси во кои се наоѓаат балистички проектили со нуклеарни боеви глави.
– Можно е да станува збор за значително ширење на нуклеарните капацитети на Кина, која најверојатно поседува релативно скромен арсенал на нуклеарно оружје односно од 250 до 350 проектили, наведува Вашингтон пост.
Се уште не е познато колкав број проектили ќе бидат сместени во новите силоси, но можно е да бидат под сто, бидејќи Кина и претходно користеше лажни силоси за да пружи лажна слика за своите нуклеарни капацитети.