Кина денеска соопшти дека не постои „произволно притворање“ ниту „центри за реедукација“ во западниот регион Синкјанг, отфрлајќи ја загриженоста на Комитетот на ОН за укинување на расна дискриминација, дека повеќе од милион Ујгури се наоѓаат во кампови.
Член на Комитетот на ОН минатата недела изнесе проценка дека во Кина повеќе од милион Ујгури и други муслимаски малцинства се наоѓаат во „контра-екстремистички центри“ и дека уште два милиони насилно се префрлени во „кампови за реедукација“.
Кинескиот делегат Ху Лианхе изјави дека не постои произволно притворање, нити центри за реедукација.
Тој рече дека аргументот оти милион Ујгури се затворени во центрите за реедукација е потполно невистинит.