Од новиот коронавирус во Кина веќе има 722 починати, а заразените вече ја надминаа бројката од 32.000 лица, го пренесоа британските медиуми соопштението на кинеските здравствени служби, кои секојдневно лиферуваат официјални информации за развојот на епидемијата во земјата.

Во последното деноноќие кинеските власти регистрирале 81 нов смртен случај, по што експертите веќе заразата ја третираат како поопасна од претходниот тип на коронавирусот, таканаречениот „САРС“, што во 2003 година  ја предизвика смртта на 774 лица.

Од новиот коронавирус, според последните податоци, заразени се  32.000 лица.