Кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји повика на итно одржување меѓународна мировна конференција за решавање на израелско-палестинскиот конфликт и да се разговара за спроведувањето на решението со две држави за конфликтот во Појасот Газа.
Ванг на прес-конференција по разговорите со египетскиот министер за надворешни работи Самех Шукри во Каиро за време на викендот рече дека меѓународната заедница треба да одговори на загрижувачката ситуација на Блискиот Исток.
По Египет, Ванг до четврток треба да ги посети Тунис, Того и Брегот на Слоновата Коска.
Ванг разговараше и со генералниот секретар на Арапската лига Ахмед Абул Геит за конфликтот во Газа и изрази загриженост поради ескалацијата на тензиите во Црвеното Море.
– Влијателните земји мора да играат објективна и конструктивна улога во решавањето на овие конфликти, нагласија Ванг и Абдул Гаит во заедничка изјава.